Преговорите помеѓу Милан и Њукасл околу трансферот на Сандро Тонали се во завршна фаза и зделката ќе биде финализирана многу брзо. „Чавките“ ќе им платат на „росонерите“ 70 милиони евра, а двата клуба ја финализираат големината на бонусите и структурата на плаќање.
Фудбалерот за врска ќе заработува 8 милиони евра по сезона на „Сент Џејмс Парк“, а неговиот договор трае до 2029 година.
Раководството на Милан веќе размислува како ќе ја искористи оваа сума за да го обнови составот. Се споменува Давиде Фратези, за кој се шпекулира дека е директна замена на Тонали и Маркус Турам, кој треба да го засили нападот. Вториот ќе биде доведен како слободен играч, но потребни се средства за неговата плата и бонус за потпис.
Сепак, „Газета дело Спорт“ го откри планот на Милан и сензационалната идеја за ангажман на Ромелу Лукаку, кој за осум дена треба да се врати во Челси, бидејќи му истекува договорот за позајмица во Интер.
„Нероаѕурите“ сакаат да го задржат Белгиецот, кој има понуда и од Саудиска Арабија. „Газета“ тврди дека цената на Лукаку е веќе многу пониска и Челси би прифатил понуда од околу 40 милиони евра. Интер не може да си ја дозволи оваа сума, но Милан сега може да вложи по трансферот на Тонали.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“













