
Давид Де Хеа се чини дека ќе го напушти Манчестер Јунајтед по 12 години минати во клубот. Денеска 20-кратниот шампион ги објави имињата на играчите кои заминуваат и оние кои остануваат, при што експлицитно се споменува дека Шпанецот сѐ уште преговара за нов договор.
Сепак англиските медиуми, овие разговори веќе не се развиваат толку позитивно како што се тврдеше пред неколку недели.
32-годишниот чувар на мрежата не сака да ги прифати условите кои ги нуди клубот и значително да ја намали својата плата која моментно изнесува 375.000 фунти.
Се шпекулира дека Де Хеа моментално е во доста интензивни разговори со саудискиот клуб Ал-Хилал.
Шпанецот одигра 545 натпревари за Манчестер Јунајтед, а според овој показател е на петтото место на вечната листа на клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal
