
Германскиот првак Баерн Минхен се откажа од ангажман на Деклан Рајс. Англискиот фудбалер е цел на голем број клубови, а се чини дека најблиску до него е Арсенал.
Баерн се откажа бидејќи сака напаѓач, па парите по долго размислување ќе се насочат на таа позиција. Дали е тоа Душан Влаховиќ или некој друг, останува да покажат наредните денови. Во секој случај, баварскиот клуб е решен да го продаде Садио Мане ова лето.
Друга цел на Баерн е Софија Амрабат, Мароканецот кој импресионираше на Светското првенство и сѐ уште е член на Фиорентина, но ќе има конкуренција во Барселона, која исто така е заинтересирана за овој фудбалер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal