
Фудбалерот на Астон Вила, Бубакар Камара, го одложи свадбеното патување откако беше повикан во француската репрезентација за претстојните квалификации за ЕП 2024 година.
Камара и неговата сопруга Корали Камара Поровекио биле во авионот за Париз, кога се јавил селекторот Дидие Дешамп, по што и двајцата се вратиле во Марсеј.
Неговата сопруга ја објави информацијата на Инстаграм во неделата, велејќи дека одморот е одложен поради навистина добри причини.
Камара минатата година се пресели од Олимпик Марсеј во Астон Вила, а досега има одиграно три натпревари за националниот тим.
Тој беше повикан во репрезентацијата како замена за повредениот Адриен Рабио, за натпреварите против Гибралтар и против Грција во квалификациите за ЕП 2024 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул без Алексис Мекалистер против Њукасл
