
Симоне Инзаги беше виден како „поранешен“ на клупата на Интер веќе на половина од сезоната по низата лоши резултати во Серија А и затоа што останаа без шанси да ја освојат титулата во. На сето тоа следеше заминувањето на Антонио Конте од Тотенхем, а сите фанови на „сино-црните“ посакуваа враќање на тренерот кој им ја донесе титулата шампион на Италија.
Сепак, Интер не направи радикален потег, а Инзаги успеа да го донесе Интер во финалето на Лигата на шампионите. Беа поразени од фаворизираниот Манчестер Сити, но сите се согласуваат дека Интер одигра брилијантно и немаше среќа една од неколкуте големи шанси да ја претвори во гол.
Сега е време да се направат планови за иднината, а сигурно е дека амбициите на клубот и Инзаги ќе се зголемат. Италијанските медиуми најавуваат средба помеѓу клубот и тренерот.
Последните вести велат дека Интер ќе му понуди нов договор на Инзаги и ќе му ја продолжи верноста до 2025 година.
Поранешниот тренер на Лацио за две години освои два Купа на Италија и два Суперкупа на Италија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
