
Манчестер Јунајтед подготвил понуда за напаѓачот на Ајнтрахт, Рандал Коло Муани, тврди „Билд“. Приоритет во летната селекција на „црвените ѓаволи“ е привлекувањето на централен напаѓач.
На „Олд Трафорд“ ја следат ситуацијата околу Хари Кејн, но се песимисти за шансите да успеат да го добијат и не сакаат таквиот трансфер да се претвори во сага која се одолговлекува цело лето.
Коло Муани минатата сезона постигна 23 гола на 45 натпревари. Интерес за францускиот интернационалец има и од Баерн Минхен и Пари Сен Жермен, а ситуацијата ја следи и Реал Мадрид, кој има потреба од напаѓач по заминувањето на Карим Бензема.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal