
Манчестер Сити освои тројна круна оваа сезона, a менаџерот Пеп Гвардиола на шега му се „закани“ на Реал Мадрид, кој има рекордни 14 титули европски трофеи. Тој со „граѓаните“ не мисли да застане на овој прв пехар во ЛШ.
„Сега ни делат само 13 трофеи во Лигата на шампионите од Реал. Само 13. Реал нека биде на готовс затоа што доаѓаме по нив! Ако спијат, ќе ги стигнеме. Шегата на страна, не можеме да се споредуваме со нив. Само што го освоивме првиот трофеј, но не сакам да исчезнеме по првиот. Мора да работиме напорно и да бидеме повторно тука следната сезона. Има тимови кои ја освојуваат Лигата на шампионите, а потоа исчезнуваат по една или две сезони. Тоа мора да го избегнеме. Знаејќи се себеси, тоа нема да ни се случи, но за клубот е големо олеснување што го освои овој трофеј, бидејќи сега нема да ме прашуваат дали ќе ја освоиме Лигата на шампионите. Сега ќе треба да најдат друго прашање“, изјави менаџерот на Манчестер Сити.
Манчестер Сити го победи Интер со 1-0 во синоќешното финале во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Владан Милојевиќ ќе седне на клупата на Србија?

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости

Меѓународен фудбал
Србија и Албанија во фудбалска “војна” во Лесковац
