
Манчестер Сити за првпат во историјата е европски првак. Тој во финалето на Лигата на шампионите го победи Интер со 1:0. Победничкиот гол го постигна Родри во 68.минута од дуелот.
Сити на тој начин заврши успешна сезона во која ги освои и Премиер – лигата и ФА Купот, а Пеп Гвардиола по третпат во својата тренерска кариера ја освои Лигата на шампионите, израмнувајќи се на второто место на вечната листа со Зинедин Зидан и Боб Пејсли. На врвот е Карло Анчелоти со четири титули.
Гвардиола е во Сити од 2016 година и сега конечно успеа да го освои единствениот трофеј кој го прогонува откако дојде во Англија. По натпреварот истакна дека е уморен, но задоволен.
„Навистина сум уморен, мирен сум и задоволен. Многу е тешко да се освои овој трофеј. Интер одигра одлично. Им кажав на моите играчи на полувремето да бидат трпеливи и ќе дојде нашата шанса. За да ја освоите Лигата на шампионите, треба да имате и среќа. Едерсон бранеше, тие промашија, можеа да израмнат. Овој натпревар е како фрлање паричка. Сепак, ние го освоивме трофејот. Ова беше напишано во ѕвездите“, изјави Гвардиола.
Тој ги повика УЕФА и ФИФА да поведат повеќе грижа за фудбалерите.
„Не бевме на нашето најдобро ниво. По Светското првенство влеговме во форма, но не одигравме најдобро на овој натпревар. Немам сила и енергија да размислувам за следната сезона, тоа е невозможно. Ни треба одмор. Сезоната беше предолга. Фудбалерите сега ги чекаат репрезентативните натпревари, откако цела сезона одиграа огромен број натпревари. Ги повикувам УЕФА и ФИФА да размислат за тоа. Ова е премногу. Сега ќе славиме со семејствата и пријателите, а во понеделник ќе има парада во Манчестер“, истакна Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Владан Милојевиќ ќе седне на клупата на Србија?

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости

Меѓународен фудбал
Србија и Албанија во фудбалска “војна” во Лесковац
