
На почетокот на сезоната, а и во поголемиот дел од неа, никој не можеше ни да замисли дека италијанските клубови ќе се најдат во финалето на сите три европски клупски натпреварувања.
Серија А успеа да се врати на самиот фудбалски врв на Стариот континент, а нејзините претставници Интер, Рома и Фиорентина стигнаа до пресметката за трофејот во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и конференциската лига.
Сепак, на крајот „аѕурите“ во трите биди останаа без трофеј.
Рома под водство на Жозе Мурињо остана без пехарот во финалето на Лига Европа, каде Севилја славеше по подобро изведување пенали.
Вест Хем ја надмудри Фиорентина и победи против „виолетовите“ во последниот натпревар од Конференциската лига со 2-1.
Најважното беше оставено за крај, а Интер ја имаше најтешката задача да стигне до пехарот во Лигата на шампионите против супериорниот Манчестер Сити и не успеа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal