
Фудбалската репрезентација на Македонија означи официјален почеток на подготовките за квалификациските дуели против Украина (16 јуни) во Скопје и против Англија (19 јуни) во Манчестер.
Стефан Ашковски вели дека атмосферата во националниот тим е одлична, а заморот не се чувствува кога се носи дресот на Македонија.
„Мило ми е што пак сме заедно, нѐ чекаат два натпревари против квалитетни селекции, но секако и шанса да видеме до каде се нашите можности. Тоа што се игра на крај на сезоната, мислам дека за сите е исто напорно, но кога играш за Македонија и за вакви натпревари, заморот го забораваме. Имаме победа од стартот и очекувам да ја продолжиме добрата низа на овие два меча“, изјави Ашковски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal