
Астон Вила постигна целосен договор со играчот од средниот ред на Лестер, Јури Тилеманс. Белгиецот откако ќе ги мине медицинските прегледи ќе потпише четиригодишен договор и ќе биде претставен како прво засилување на клубот ова лето.
Тој ќе пристигне на „Вила Парк“ како слободен агент откако ќе му истече договорот со Лестер на крајот на овој месец.
Интересот за 26-годишниот Тилеманс беше сериозен, тој имаше понуди од клубови кои ќе играат во Лигата на шампионите, пред сѐ Арсенал. Сепак, Белгиецот ја одбра понудата на Астон Вила, која заврши на седмото место и следната сезона ќе учествува во Конференциската лига на УЕФА.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ал-Наср со 85 милиони евра по Габриел Мартинели

Евро-фудбал
ПСЖ намириса „одмазда“ и тргнува по Родриго

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина
