
Реал Мадрид официјално соопшти дека го врати Брахим Дијаз од Милан и ќе се потпира на него во новата сезона. Покрај тоа, шпанскиот играч за врска потпиша нов договор со „белите“ – до 2027 година, што е две години подолго од претходниот.
Последните три сезони Дијаз ги помина на позајмица кај „росонерите“, со кои стана шампион на Италија и стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите.
Реал Мадрид го доведе од Манчестер Сити во јануари 2019 година за 17 милиони евра. Дијаз остана на „Бернабеу“ и следната сезона, 2019/20, во која Реал стана шампион.
Следеше преселба во Милан, првично за само една сезона, која подоцна беше продолжена за уште две – до летото 2023 година.
Договорот меѓу двата клуба содржеше клаузула според која Милан може да го задржи трајно за 22 милиони евра. Италијанците се обидоа да ја намалат цената, одбивајќи да ја платат клаузулата, но Реал Мадрид го врати назад.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Владан Милојевиќ ќе седне на клупата на Србија?

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости

Меѓународен фудбал
Србија и Албанија во фудбалска “војна” во Лесковац
