
Јувентус не сака да го пушти Масимилијано Алегри, но можеби Италијанецот сам ќе реши да си замине.
„Газета дело спорт“ пишува дека Алегри добил баснословна понуда од Саудиска Арабија со четири пати поголема плата отколку што има во Јувентус.
Тој би можел да биде тренер на Ал-Наср за кој игра Кристијано Роналдо, или да го преземе Ал-Хилал кој не успеа да го убеди Лионел Меси исто така да се пресели во Саудиска Арабија.
Арапите ја чекаат одлуката на Алегри, кој се наоѓа пред голема дилема, да избере пари и да ја напушти најголемата сцена, иако нема да му биде така лесно и во Јувентус кој следната сезона ќе игра во Конференциската лига на УЕФА.
Јувентус немаше намера да го отпушти Алегри затоа што ќе треба да му плати огромна сума како отштета, но ако си замине сам, тогаш тоа е друга приказна.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal