
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Tен Хаг, ставил вето за евентуалната продажба на Виктор Линделоф.
Шведскиот централен дефанзивец беше цел на силен интерес од Ајнтрахт Франкфурт, но холандскиот стратег не сака да слушне за можна разделба со него. Во јануари оваа година пристигнаа барања за Линделоф од Атлетико Мадрид и Интер, но одговорот беше идентичен.
Менаџерот на „црвените ѓаволи“ сака да се раздели со еден од своите централни дефанзивци, но тоа е Хари Мегваер. Англискиот дефанзивец годинава го загуби стартното место и „црвените ѓаволи“ бараат нов тим за него со надеж дека ќе вратат барем дел од 80 милиони фунти што ги вложија во него.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal