
Колумбискиот офанзивен играч за врска Хамес Родригез ќе биде ново засилување за Бока Јуниорс.
Фудбалерот кој ја прекина соработката со Олимпијакос ќе најде засолниште во Јужна Америка, поблиску до дома… Според добро информираните аргентински медиуми, трансферот го реализирале група бизнисмени кои ги откупиле правата на Хамес Родригез, а потоа одлучиле тој да игра за Бока.
Договорот ќе биде потпишан на три години.
Се споменуваше враќање на Хамес Родригез во Ла Лига, потоа се споменуваа и Бразил и Саудиска Арабија, но, тој набрзо ќе се појави на „Бомбоњера“.
Хамес експлодираше во Порто, а потоа продолжи во Монако, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Евертон, Ал Рајан и на крајот во Олимпијакос.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal