Новиот македонски прволигаш Гостивар стартуваше со засилувања за елитата. Нови фудбалери на тимот на Гостивар се Пепи Ѓорѓиев и Мустафа Мујезиновиќ. Со тоа гостиварци се засилуваат на позициите во средниот ред и во нападот. Ново име е и Зехрудин Мехмедовиќ.
Мујезиновиќ го раскина договорот со Шкендија и веднаш ја прифати понудата на Гостивар, додека Пепи Ѓорѓиев доаѓа од тимот на Шкупи каде и не се наигра.
Гостивар објави дека го продолжил договорите и со 12 фудбалери од минатата сезона, иако имаше и многу разделби. Во тимот останаа Рејан Абази, Емран Рамадани, Бујар Абази, Андреј Кировски, Фисник Зука, Амир Јашар, Ринор Ајдини, Фахрудин Ѓурѓевиќ, Рушту Јонуз, Стојан Стојчевски, Ѓорѓи Танушев и Енис Дервиши.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













