
Лионел Меси жестоко ја обвини Барселона дека не сторила сѐ што може за да обезбеди услови тој да се врати на „Камп Ноу“. Поради тоа, аргентинската ѕвезда одлучи да потпише за Интер Мајами.
„Не сум сигурен дека Барселона направи сѐ што можеше за да ме врати, искрено. Знам само што ми кажа Чави. Тој ме сакаше многу, но тој не одлучува. Сигурен сум дека има луѓе во клубот кои не сакаат да се вратам во Барса и кои мислат дека тоа би било негативно за клубот“, изјави Меси за „Мундо Депортиво“.
Меси ја напушти Барселона во летото 2021 година и се пресели во ПСЖ. Тој неодамна истакна дека воопшто не уживал и во периодот што го помина во Париз.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Глазгов Ренџерс сака да го врати Бојан Миовски во Шкотска

Евро-фудбал
Педри: Нема да молчам, тоа не беше пенал!

Евро-фудбал
Ханси Флик: Верувавме во победата до самиот крај
