
Француската легенда Зинедин Зидан уште еднаш ја одби понудата на Пари Сен Жермен да го предводи тимот, пишува „Ле Паризиен“. Кристоф Галтие заминува од Париз, иако тој сѐ уште го нема раскинато договорот што има важност и за следната сезона.
Сепак, раководството на тимот веќе активно бара нов ментор, а меѓу главните желби повторно се најде Зинедин Зидан.
Раководството на Пари Сен Жермен беше подготвено да упати исклучително сериозна понуда и да го направи тренерот еден од тројцата најдоброплатени во светот. Сепак, Зидан одби да навлезе дури и во првични разговори.
Зидан имаше исклучително импресивни два периоди на чело на Реал Мадрид и е единствениот тренер кој ја освоил Лигата на шампионите во три последовни сезони.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Глазгов Ренџерс сака да го врати Бојан Миовски во Шкотска

Евро-фудбал
Педри: Нема да молчам, тоа не беше пенал!

Евро-фудбал
Ханси Флик: Верувавме во победата до самиот крај
