
Давид Де Хеа и Манчестер Јунајтед се договориле за новиот договор на голманот. Шпанскиот чувар на мрежата сѐ уште го нема потпишано, но тоа се очекува да се случи во наредните денови.
Де Хеа ќе потпише нов четиригодишен договор, но неговата плата ќе биде намалена од 350.000 фунти на околу 200.000 фунти.
Сепак, Манчестер Јунајтед продолжува многу сериозно да гледа на трансфер пазарот за нов голман, а идејата на Ерик тен Хаг е да земе нов играч на оваа позиција, кој всушност е способен да му биде сериозна конкуренција на Шпанецот.
Се очекува во наредните денови „црвените ѓаволи“ да се разделат со уште еден свој голман, Дин Хендерсон, кој оваа сезона беше на позајмица во Нотингем Форест. Тие сакаат да го откупат и се подготвени да платат за неговите услуги околу 25 милиони фунти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Глазгов Ренџерс сака да го врати Бојан Миовски во Шкотска

Евро-фудбал
Педри: Нема да молчам, тоа не беше пенал!

Евро-фудбал
Ханси Флик: Верувавме во победата до самиот крај
