
Горан Пандев, кој беше дел од златната генерација на Интер, која во 2010 година, под водство на Жозе Мурињо, освои тројна круна, смета дека италијанскиот тим има шанси да стигне до пехарот во финалето на Лигата на шампионите.
Интер в сабота во Истанбул ќе ја има финалната пресметка против Манчестер Сити во елитното европско клупско натпреварување.
„Сити на хартија делува како фаворит. Но, Интер секако може да го стави Сити во тешка позиција. Да, Сити е тим кој ќе ги турне назад, кон голот, но тоа го стори и Баерн против нас во 2010 година и не успеа да победи. Мислам дека ќе победи тимот што ќе успее да ги издржи подобро сите напори, физичката подготовка може да направи разлика“, изјави Пандев за италијанските медиуми.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Глазгов Ренџерс сака да го врати Бојан Миовски во Шкотска

Евро-фудбал
Педри: Нема да молчам, тоа не беше пенал!

Евро-фудбал
Ханси Флик: Верувавме во победата до самиот крај
