Елиф Елмас прераснува во нова фудбалска „ѕвезда“, а трансферот во Наполи беше вистински чекор за напредок во неговата кариера. Ова го порача македонскиот селектор Игор Ангеловски во разговор за италијанското „Радио Марте“, во кое кормиларот на нашиот национален тим проговори и за „тајната на успехот“ на поранешниот ас на Фенербахче.
„И на двата меча се снајде одлично иако играше на различни позиции, што само потврдува дека станува збор за универзален играч. Според мене, одлично е што Елиф потпиша за Наполи бидејќи доби можност да работи со Анчелоти, кој е еден од најдобрите тренери во светот. Можам да кажам дека напредокот кај него е очигледен по само еден месец минат во Неапол. Убеден сум дека ќе биде уште подобар. Ќе ви ја откријам и тајната на Елиф – тој верува во себе и тоа го прави психолошки подготвен за секоја ситуација на теренот“ – истакна Ангеловски.
Карло Анчелоти најави дека ќе го ротира тимот за претстојниот меч против Сампдорија во пресрет на отворањето на ЛШ против Ливерпул, па останува да се види дали тоа ќе значи и прв старт на Елмас на еден официјален натпревар во дресот на „наполитанците“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













