
Лукас Хернандез ќе биде една од првите бомби на летото. Според последните информации, Французинот е многу блиску до Пари Сен Жермен, бидејќи Баерн Минхен ја прифатил неговата одлука и желба да го напушти клубот.
ПСЖ е подготвен да плати се што е потребно, бидејќи Серхио Рамос го напушти клубот и засилувањата во одбраната се од суштинско значење.
Лукас го загуби местото во тимот оваа сезона зад Матијс де Лихт и Дајо Упамекано, но Баерн ќе биде во големи проблеми со тоа што Бењамин Павар исто така сака да си замине.
Лукас Хернандез пристигна во Баерн за сума од 80 милиони евра, а се очекува и ПСЖ да плати „солено“ за овој трансфер.
Наводно, ПСЖ ќе понуди 60 милиони фиксни со одредени бонуси, кои Баерн ќе ги прифати, бидејќи Французинот веќе ги договорил неговите услови за да потпише до 2028 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Два гола на Мбапе, Реал го победи Овиедо (ВИДЕО)

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот
