Connect with us

Меси и Нејмар им вратија на фановите на ПСЖ за сите свирежи (ФОТО)

Пари Сен Жермен со пораз (2-3) од Клермон ја заврши сезоната, а славеничката прослава на шампионската титула се претвори во вистинско фијаско. Лионел Меси доби свирежи и пред почетокот на последниот меч за „светците“, па откако го доби медалот, заедно со Нејмар, го напуштија теренот, додека остатокот од тимот го трчаше почесниот круг со поздрав за навивачите.

Лео Меси заминува од ПСЖ по две години, тоа го потврди и клубот уште пред последниот натпревар, а во редовите на францускиот првак одигра 75 натпревари, со ефект од 32 гола и 35 асистенции.

Нејмар има актуелен договор, но јасно е дека и тој не е омилен кај навивачите, а и клубот размислува за негова продажба. Многу веројатно е дека и тој ќе го напушти „Паркот на принцовите“ ова лето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови