
Енис Барди се приклучи на листата на повредени играчи на македонската репрезентација во пресрет на октомвриските квалификациски средби против Словенија и Полска. Стрелецот на вториот гол на мечот со Летонија не настапи на последниот натпревар на Леванте, а по денешниот тренинг беше обелоденето дека македонскиот интернационалец заработил незгодна повреда.
„Енис Барди заработи повреда од прв степен на мускулот на десната нога. Очекуваме фудбалерот да му се стави на располагање на тренерот за три седмици“ – се вели во соопштението на клупската веб-страница на Леванте.
Македонија натпреварот со Словенија го игра на 10 октомври, па само теоретски се шансите дека Барди би може да добие зелено светло од Леванте за да се појави на подготовките на националниот тим и да настапи во црвено-жолтиот дрес. По дуелот во Скопје против Словенија, Македонија на 13 октомври ја очекува гостување против Полска.
Покрај Барди, се очекува мечот против Словенците да го пропушти и Дарко Велковски, а можно е Зајков и Ристовски да ги надминат повредите и да му се стават на располагање на селекторот Ангеловски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski