
Манчестер Сити освои двојна круна во Англија, откако во финалето на ФА купот на „Вембли“ го совлада Манчестер Јунајтед со 2-1. Двоен стрелец за тимот на Пеп Гвардиола беше Илкај Гундоган.
Тој погоди на самиот старт, по само 13 секунди од почетокот, совладувајќи го Де Хеа со удар од далечина.
Манчестер Јунајтед израмни од пенал во 33.минута преку Бруно Фернандеш. По прегледување на ВАР снимката беше утврдено дека Џек Грилиш играше со рака во шеснаесетникот.
Но, Илкај Гундоган не дозволи долго време да остане нерешениот резултатот. Германецот постигна втор гол со удар од далечина во 51.минута.
Јунајтед притисна во завршницата, шанса за израмнување имаа Скот Мектоминеј и Рафаел Варан, но одбраната на Сити ја расчисти опасноста.
Манчестер Сити на 10 јуни ќе се обиде да стигне и до тројна круна оваа сезона, со оглед дека игра и во финалето на Лигата на шампионите против Интер во Истанбул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости

Млади репрезентации
Македонија У19 убедливо ја победи Црна Гора на гости во вториот тест

Евро-фудбал
Монако го именуваше Покоњоли за нов тренер

Евро-фудбал
Анчелоти ќе го води Бразил до 2030 година

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија
