Connect with us

Нов голем проект во Италија: Пирло и Коларов ќе ја враќаат Пиза во Серија А

Италијанскиот второлигаш Пиза ќе го ангажира Андреа Пирло за нов тренер, во обидот за враќање во Серија А.


Откако Пиза ја заврши сезоната на 11. место, ги отпушти тренерот Лука Д’Анџело и спортскиот директор Клаудио Киелини, брат близнак на легендарниот Џорџо. На негово место ќе дојде Александар Коларов.


Минатата година тој ја заврши одличната играчка кариера во која беше клучен играч на Лацио, Манчестер Сити и Рома, како и капитен на Србија.


Италијанските медиуми пишуваат дека новиот спортски директор на Пиза за нов тренер го ангажирал Пирло, легендата на италијанскиот фудбал, кој беше тренер на Јувентус и турскиот Караѓумрук.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови