
Гол-машината на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, изјави дека ќе стори сѐ што е во негов домен да му помогне на тимот да ја освои тројната круна и да стане само вториот англиски клуб со таков голем успех. Ова досега го оствари само Манчестер Јунајтед, а токму „црвените ѓаволи“ се ривалот на Сити во финалето на ФА Купот.
После тоа, за Сити останува финалната пресметка со Интер за трофејот во Лигата на шампионите.
„Би било нереално да се постигне ова историско достигнување. Секако, не треба да криеме дека токму поради тоа ме купија. Ќе дадам сѐ од себе тоа да се случи. Ова е мојот најголем сон. Се надевам дека соништата ќе се остварат. Манчестер Јунајтед ќе биде мотивиран и подготвен. Мораме да одиграме најдобро што можеме и ако го направиме тоа, имаме добри шанси да ја постигнеме нашата цел.
Го бркавме Арсенал цела сезона, па кога ја освоивме Премиер – лигата беше големо олеснување. Сега имаме две финалиња на кои треба да се фокусираме пред да одиме на одмор“, изјави Халанд за „Би-Би-Си“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski