
Македонскиот второлигаш Пелистер е пред договор со Влатко Костов, кој треба да ја преземе тренерската функција за следната сезона. По разделбата со Бобан Бабунски, кој не успеада го внесе тимот во елитата, раководството на битолскиот тим се обидува да го пронајде вистинското решение за клупата.
Влатко Костов последен пат беше тренер на Тиквеш, а дел од играчката кариера ја мина во Пелистер, во периодот од 1998 до 1990 година.
Пелистер е во преговори и со неколку квалитетни засилувања кои треба да пристигнат во клубот ова лето. Едно од нив е Владица Брдаровски, кој е слободен играч по разделбата со Шкупи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski