
Кристијано Роналдо ја оцени како неуспешна својата прва сезона во Саудиска Арабија со тимот на Ал-Наср. Во интервју за саудиската Про-лига, тој сподели дека очекувал да освои нешто со тимот, но не е премногу разочаран што не успеал и се надева дека следната година ќе има поголема шанса.
Португалецот беше дециден дека останува во својот сегашен клуб, а со тоа ги отфрли гласините дека е несреќен и размислува да си замине.
„Моите очекувања беа малку поинакви да бидам искрен. Се надевав дека ќе освојам нешто оваа сезона, но работите не одат секогаш како што сакате. Понекогаш ви треба страст, желба и упорност за да успеете. Сè уште верувам дека следната година ќе се претставиме подобро. Во последните 5-6 месеци тимот се разви многу. Истото може да се каже и за другите тимови во лигата. Се надевав на трофеј оваа година, но тоа не се случи… Но, следниот пат, сигурен сум дека работите ќе се сменат и ќе се претставиме подобро“, изјави Роналдо, потврдувајќи дека останува во Ал-Наср и следната сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski