Connect with us

Инспектори на УЕФА препорачале Барселона да биде исфрлена од Лигата на шампионите

Двајца инспектори на УЕФА дошле до заклучок дека Барселона заслужува да биде казнета со исфрлување од Лигата на шампионите за следната сезона поради случајот „Негреира“, информира шпанското издание „ABC“.


Вработените во европска централа го анализирале скандалот и врз основа на собраните информации подготвиле извештај според кој петкратниот шампион на Стариот континент треба да биде санкциониран.

Сега претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, е пред избор дали да го слушне заклучокот на инспекторите или прво да ја чека одлуката на шпанските власти, кои исто така работат на случајот.
Истрагата покажа дека во периодот од 2001 до 2018 година, Каталонците му платиле 7,3 милиони евра на Хозе Марија Хенрикес Негреира за различни услуги, често опишани едноставно како „консултации“.

Меѓутоа, проблемот е што станува збор за потпретседател на Судската комисија во Шпанија. Ова се смета за конфликт на интереси бидејќи Негреира можеби влијаел на одлуките на судиите.

Од „Камп Ноу“ го демантираа постоењето на ваква пријава од УЕФА и сметаат дека ова е уште една вест која имала за цел да го оцрни клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови