
Тренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие, ја потврди веста за која медиумите ширум Европа шпекулираат со месеци, а тоа е дека Лионел Меси нема да остане во тимот. Аргентинецот пристигна на „Паркот на принцовите“ во летото 2021 година и потпиша за две години.
Парижаните сакаа да го задржат, но тој ги одби нивните понуди, а во последните недели односите меѓу двете страни се влошија поради некои контроверзии.
„Ја имав привилегијата да раководам со најдобриот играч во историјата на фудбалот. Ова ќе биде неговиот последен меч на „Паркот на принцовите“ и се надевам дека ќе биде пречекан на најдобар можен начин. Тој беше на линија оваа година и беше важен дел од тимот. Во сезоната со Светско првенство во средината, тој заврши со статистика од 21 гол и 20 асистенции. Меси секогаш играл за доброто на тимот и беше голема привилегија да бидеме заедно оваа година“, изјави тренерот на ПСЖ.
Сите во тимот со мислите се насочени кон голманот Серхио Рико, кој доживеа тешка несреќа пред една недела откако падна од коњ и се уште е во медицински индуцирана кома.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Монако го именуваше Покоњоли за нов тренер

Евро-фудбал
Анчелоти ќе го води Бразил до 2030 година

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија
