
Легендарниот словачки фудбалер Марек Хамшик објави дека на крајот од сезоната ќе стави крај на професионалната кариера.
„Тоа не беше лесна одлука… тоа беше прекрасна авантура“, изјави поранешниот играч на Наполи, сега член на турски Трабзонспор.
Хамшик (35), познат по својата „мохиканска“ фризура, минатата година ја заврши репрезентативната кариера по 15 години играње за Словачка каде беше капитен и најдобар стрелец.
За репрезентацијата одигра 136 натпревари и постигна 26 гола, а најголемиот успех го постигна во 2010 година, кога се пласираше во осминафиналето на Светското првенство во Јужна Африка.
Во текот на својата кариера, играчот од средниот ред играше за Слован Братислава, Бреша, а потоа играше за Наполи од 2007 до 2019 година.
За актуелниот шампион на Италија одигра рекордни 520 натпревари во сите натпреварувања и освои две титули во Купот.
Тој дојде во Трабзонспор во јуни 2021 година и минатата сезона го освои шампионатот на Турција, прва по 38 години за црноморскиот клуб.
До крајот на турското првенство остануваат уште две кола, а последното е закажано за 6 и 7 јуни.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Монако го именуваше Покоњоли за нов тренер

Евро-фудбал
Анчелоти ќе го води Бразил до 2030 година

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија
