
Трансферите на Лионел Меси и Карим Бензема во Саудиска Арабија стануваат сѐ поверојатни. На Аргентинецот и на Феанцузинот им истекуваат договорите со Пари Сен Жермен и со Реал Мадрид, а имаат неверојатни понуди од клубови од Кралството.
Ал-Хилал му нуди на Лео Меси 600 милиони евра годишно, додека шампионот Ал-Итихад го примамува Бензема со 100 милиони евра.
Министерот за спорт на Саудиска Арабија, Абдул Азиз бин Турки Ал-Фејсал, даде одговор со кој уште повеќе ја „запали“ атмосферата.
„Бензема и Меси во Саудиска Арабија? Почекајте клубовите да ги објават официјално“, истакна тој.
Во шампионатот на земјата од Блискиот Исток е и Кристијано Роналдо, кој од зимата е дел од Ал-Наср.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski