
Интер ја победи Аталанта на „Џузепе Меаца“ со 3-2 и дефинитивно го завери настапот во Лигата на шампионите следната сезона. По ова, и по освоениот Куп на Италија, сега избраниците на Симоне Инзаги можат да се фокусираат на подготовките за финалето на ЛШ и дуелот со Манчестер Сити на 10 јуни во Истанбул.
Интер почна фуриозно и поведе со 2-0 по само три минути игра. Ромелу Лукаку во првата минута доенсе водство, а Николо Барела зголеми со втор погодок две минути подоцна.
Марио Пашалиќ ја врати неизвесноста со голот во 36.минута.
Сепак, Интер не дозволи изненадување. Во 76.минута, Лаутаро Мартинез зголеми на 3-1, а конечниот епилог го постави Луис Мјуриел во финишот од дуелот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
