Илчо Ѓорѓиоски не е веќе тренер на грчкиот второлигаш Каламата. Тој пред неколку дена е известен дека добил отказ од клубот.
Во грчките медиуми Ѓорѓиоски жестоко го критикуваше начинот на функционирање на клубот.
„Организацијата е катастрофална. Одиме на Крит и патуваме 15 часа за натпреварот. Теренот каде што тренираме е катастрофален, а речиси три месеци го чекаме системот за анализа. Никој не ме извести дека договорот ќе ми биде раскинат, туку прочитав од медиумите. Навистина разочарувачки. Пред еден натпревар ми рекоа „не го играј Асигба, и не прашувај зошто“. Еден новинар има големо влијание врз него, а во клубот не се знае ниту кој носи играчи. Тука ни Мурињо не може да направи тим“, изјави меѓудругото Ѓорѓиоски за грчките медиуми.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













