
Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски за шпанските медиуми откри дека не би имал ништо против и до крајот на кариерата да го носи дресот на шпанскиот прволигаш Рајо Валјекано. Тој пред две години се поврзуваше и со трансфер во Барселона, но откако комплетира дури пет сезони во Рајо и одигра 150 натпревари за клубот, вели дека би потпишал и доживотен договор со Рајо.
Столе Димитриевски вели дека се чувствува максимално ценет и почитуван во клубот.
„Им кажав во клубот дека сакам да останам и ако треба да потпишам договор до 2029 година, ќе го сторам тоа. Ако треба да потпишам договор до почетокот на тренерска кариера – ќе го сторам тоа. Ако треба да останам до крајот на животот, немам проблем. Овде сум почитуван, ми дадоа шанса, а јас се трудам секогаш да до дадам најдоброто од себе за клубот. Штотуку собрав 150 настапи за Рајо и би сакал уште 300. Навивачите, клубот, тие ми ја дадоа љубовта поради која јас се идентификувам со Рајо Валјекано“, изјави Столе Димитриевски.
Рајо Валјекано и Столе Димитриевски утре ги очекува дуел со Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола

Евро-фудбал
Чиро Имобиле ќе паузира два месеца
