Њукасл продолжува да талка во потрагата по нов напаѓач, а целата ситуација е дополнително комплицирана со неизвесната иднина на Александар Исак. Според информациите, раководството на „чавките“ синоќа испратило нова, втора понуда за голгетерот на Вулверхемптон, Јорген Странд Ларсен.
Понудата изнесувала 55 милиони фунти, но и таа, како и првата од 50 милиони, веднаш била одбиена од „волците“.
Интересно е што токму Ларсен, 25-годишниот напаѓач, блесна синоќа со два гола во победата на Вулверхемптон против Вест Хем во Карабао Купот. По мечот, менаџерот на „волците“, Витор Переира, коментираше дека „секој играч има своја цена“.
Во Њукасл моментално владее криза во нападот. Тимот нема вистински централен напаѓач, бидејќи Исак одбива да игра и инсистира на трансфер во Ливерпул, а замена за Калум Вилсон сè уште не е пронајдена. Доколку клубот реши да се раздели со шведскиот репрезентативец, ќе мора експресно да донесе не еден, туку најмалку двајца нови напаѓачи.
Во следните денови се очекува Њукасл да испрати и трета понуда за Ларсен, овојпат во висина од 60 милиони фунти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар се „лизна“ во Битола и освои само бод, а тоа го искористи Шкендија...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Мигел Пиреш (Силекс)
Силекс имаше доминантно издание во Кавадарци совладувајќи го Тиквеш на гости со 0-3. Тимот...
Автор makfudbal













