Струга ТЛ ја освои историската прва титула шампион на Македонија, откако излезе победник во трката со претходно фаворизираните Шкупи и Шкендија. Срѓан Захариевски наметна победничко темпо за стружани, а кога малку тимот „заглави“, тогаш палката ја презеде Шпетим Дуро и ја истурка работата до крај во шампионски стил.
Шкупи на крајот ја освои втората позиција, додека Шкендија заврши на третото место.
Силекс покажа дека традицијата на клубот игра голема улога дури и при враќање од второлигашка сцена, па организацијата и добрата работа донесоа одлична позиција за кратовци на крајот од шампионатот.
Брегалница исто така имаше успешен финиш, а сигурно повеќе можат Работнички и Академија Пандев.
Скопје ќе игра бараж за Првата лига против Вардар, а Победа е тимот кој се пресели во понизок ранг.
МАКФУДБАЛ го избра најдобриот тим за сезоната 2022/23 во Првата фудбалска лига. Го предводат Срѓан Захариевски и Шпетим Дуро, тренерите кои ја одведоа Струга ТЛ до првата историска титула шампион на Македонија.
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2022/23 ВО ПРВАТА ЛИГА
- КРИСТИЈАН НАУМОВСКИ (ШКУПИ)
- САВА РАДИЌ (СТРУГА ТЛ)
- ЕГЗОН БЕЈТУЛАИ (ШКЕНДИЈА)
- АРСИМ ЉАМАЛАРИ (СИЛЕКС)
- ФРЕДИ АЛВАРЕЗ (ШКУПИ)
- ИВАН НИКОЛОВ (БРЕГАЛНИЦА)
- РЕНАЛДО ЦЕФАС (ШКУПИ)
- БУЊАМИН ШАБАНИ (СТРУГА ТЛ)
- МАРЈАН РИСТОВСКИ (СИЛЕКС)
- БЕСАРТ ИБРАИМИ (СТРУГА ТЛ)
- САНДЕЈ АДЕТУНЏИ (ШКУПИ)
ТРЕНЕРИ НА СЕЗОНАТА: СРЃАН ЗАХАРИЕВСКИ/ШПЕТИМ ДУРО
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski