
Манчестер Сити е вториот финалист во Лигата на шампионите откако на „Итихад“ го прегази Реал Мадрид со 4-0. „Граѓаните“ му ја одзедоа европската круна на тимот кој лани ги елиминираше во оваа фаза од натпреваруањето со неверојатен пресврт во финишот.
Пеп Гвардиола вели дека проработел и спортскиот инает кај неговите фудбалери.
„Игравме со болка и одмазда за минатата сезона. Само една работа им реков на момците пред натпреварот. Дали сакате ли да играме против Интер во финалето или не? Ако одиграте деведесет минути со таков став и ако сакате да играте против Интер, тогаш ќе го победите Реал Мадрид“, изјави Пеп Гвардиола.
За шпанскиот стратег ова ќе биде четврто финале во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен

Прва лига
Шефит Шефити се врати во тимот на Арсими
