
Украинската сензација Михаило Мудрик дојде во Челси на голема врата, англискиот премиерлигаш за него плати огромни пари, но тој воопшто не се снајде на „Стемфорд бриџ“. Сега би можел експресно да си замине, затоа што Челси веќе размислува да го продаде.
Лондонските „сини“ го ангажираа Михајло Мудрик за сума од околу 70 милиони евра за време на јануарскиот преоден рок. Играчот беше цел и на Арсенал, но раководството на Челси се чини и дека го преплати за да го доведе во тимот. Сепак, засега од тоа нема ефект.
Мудрик започна само шест првенствени натпревари од неговата преселба во Челси во јануари и имаше еден настап како стартер во Лигата на шампионите на УЕФА. За тоа време има две асистенции и ниту еден гол зад своето име.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен
