
Агентот на Џулијан Нагелсман, Волкер Штрут, даде детали за околностите на заминувањето на тренерот од Баерн Минхен на крајот на март и го критикуваше раководството на Баварците.
„Никогаш не сум се сретнал со такво однесување во животот“, изјави Волкер Штрут за весникот „Билд“.
Нагелсман во тоа време беше на одмор на скијање со својата девојка. Според агентот, паузата била договорена со управата на Баерн.
„Скијачкиот одмор беше договорен. Џулијан речиси и да немаше играчи на располагање поради меѓународните натпревари – тој и Хасан Салихамиџиќ имаа разговор околу тоа“.
Сепак, тоа го демантираше спортскиот директор Салихамиџиќ, кој за „Билд“ изјави: „Не, тоа не е вистина. Џулијан го немав видено од понеделник до неговото враќање во петок попладне.
Штрут се сеќава на моментот кога дознал за отказот на неговиот клиент.
„Вечерта бев во ресторан во Келн кога ми се јави новинар. „Ова со Џулијан се случи многу брзо! Јас одговорив: „Што сакаш да кажеш? Тој ми одговори: “Како, не знаеш уште? Џулијан си оди, а Тухел е нов тренер!”, изјави агентот на Нагелсман.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија
