Connect with us

Стојчевски ќе го суди куп-финалето, а Ставрев баражот за Прва лига меѓу Скопје и Вардар

Одредени се судиите за финалето во Купот на Македонија и за баражот за пополнување на Првата фудбалска лига меѓу Скопје и Вардар.


В сабота на компексот на ФФМ ќе се одигра 30. финале во Купот на Македонија, а се среќаваат Македонија ЃП и Струга Трим Лум. Главен судија на финалето ќе биде Игор Стојчевски (Скопје).

Негови помошници се Даниел Василевски (Скопје) и Бранко Путилин (Скопје) а четврти судија е Крумислав Ѓорѓиев (Штип).

Делегат е Игор Франгоски (Скопје) а контролор Благој Шуклев (Стојаково).

Александар Ставрев ќе ја дели правдата за мечот за пласман во елитата, баражот за пополнување на Првата лига меѓу Вардар и Скопје, в недела во Кавадарци.

Негови асистенти ќе бидат Дејан Костадинов (Скопје) и Слаѓан Маркоски (Гостивар), додека четврти судија ќе биде Марјан Младеновски (Скопје).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови