
Интер и Милан вечерва се среќаваат во реванш меч од полуфиналето на Лигата на шампионите. Пред една недела, во првата средба на „Џузепе Меаца“ избраниците на Симоне Инзаги победија со 2-0, и сега се големи фаворити за пласман во финалето во Истанбул, каде за противник ќе го имаат подобриот од дуелот меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид (1-1 по првиот натпревар).
Минатата среда „нероаѕурите“ победија со два гола до 11. минута, по што Милан не успеа да одговори.
Ова ќе биде петта сезонска битка меѓу градските ривали, откако тие се сретнаа во финалето на италијанскиот Суперкуп и двапати во Серија А. Интер има три успеси на овие натпревари наспроти еден за избраниците на Стефано Пиоли.
Рафаел Леао, кој поради повреда го пропушти првото полуфинале, сега е здрав и треба да учествува во дуелот. Во него навивачите на „Ѓаволот“ го гледаат човекот кој може да ги пласира во финалето. Сепак, тимот го загуби Исмаел Бенасер, кој се повреди сериозно на првиот дуел.
Во Интер проблемите се поврзани со отсуството на Милан Шкриниар, а под знак прашалник е Хоакин Кореа. Воедно, Ромелу Лукаку е во исклучителна форма и не престанува да постигнува голови во Калчото, но се чини дека повторно ќе остане на клупата на сметка на Един Џеко.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен
