
Популарниот поранешен француски репрезентативец Тиери Анри не мисли дека Лионел Меси е конфликтна личност и го бранеше и покрај неговите проблеми во Пари Сен Жермен. Аргентинецот беше исфрлен од тимот за патување во Саудиска Арабија, за што се покажа дека немал дозвола од клубот. Ова ги испровоцира фановите да го исвиркуваат.
„Никој не може да не ги почитува правилата“, изјави Анри. „Кога сте го пропуштиле тренингот, што може да се случи со секого, јасно е – ќе бидете казнети. Нема сомнеж за тоа“, истакна Анри. „Сепак, според мене, вистинскиот раздор во клубот е меѓу навивачите и катарските челници. Некогаш е Лео на браникот, другпат е Нејмар, па дури и Мбапе беше исвиркан. Но, за мене Меси не е проблемот. Сум играл со него и никогаш не правел проблеми, напротив, секогаш наоѓал решение за проблемите. Видовте што направи во репрезентацијата на Аргентина. Нема шанси тој да се промени за два месеци“, истакна француската фудбалска легенда.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен
