
Матео Ковачиќ ќе го напушти Челси во летниот преоден рок, но иако за него е заинтересиран Баерн Минхен, тој сепак би можел да остане во Премиер – лигата.
Медиумите на Островот тврдат дека Манчестер Сити го следи хрватскиот репрезентативец кој е исклучително ценет од менаџерот Пеп Гвардиола, а Ковачиќ не би имал ништо против да се пресели на „Итихад“.
Гвардиола чека да види дали капитенот Илкај Гундоган ќе замине во Барселона кога ќе му истече договорот. Со тоа би се отворил простор за Ковачиќ и би можело да се продолжи со плановите за следната сезона. Сити размислуваше и за Деклан Рајс од Вест Хем, но Арсенал е фаворит за негово купување.
Ковачиќ во Челси игра од 2018 година, кога пристигна на позајмица од Реал Мадрид. Една година подоцна, тој потпиша договор со лондонскиот клуб на пет години, односно до крајот на следната сезона. Вкупно има одиграно 220 натпревари за Челси, а со тимот освои четири трофеи.
Во сезоната 2018/19 беше шампион во Лига Европа, а во 2021 година ја освои Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
