Македонската репрезентација напредуваше за една позиција на најновата ФИФА ранг листа објавена денеска. Македонија, по победата над Словенија и поразот од Полска во октомврискиот квалификациски циклус, сега ќе биде на 68. место на ФИФА рангирањето со 1344 бодови.
Пред македонската селекција на листата, од 65. до 67. место се Словенија, Албанија и Обединетите арапски емирати. Од репрезентациите кои се во нашата квалификациски група за пласман на ЕП 2020, најдоброрангирана е Полска на 21. место додека Австрија е на 25-та позиција. Израел е на 89. место, а Летонија на 143. место. Потенцијалниот противник во полуфиналето од Лигата на нациите, репрезентацијата на Косово е на 114. место.
На врвот на листата нема промени меѓу првите четири репрезентации. Прва е Белгија пред Франција, Бразил и Англија. Понатаму во Топ 10 следат и Уругвај, Португалија, Хрватска, Шпанија, Аргентина и Колумбија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Патрик Виеира доби отказ од Џенова













