
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, потсети дека „ништо не е готово“, во пресрет на утрешниот реванш од полуфиналето во Лигата на шампионите против градскиот ривал Милан. „Нероаѕурите“ имаат добра предност, откако го добија првиот натпревар со 2-0.
„Утре е еден од најважните натпревари во историјата на Интер. Мора да играме со мирна глава и со срце за да го оствариме сонот да стигнеме до финалето. Првиот натпревар заврши 2-0, но Милан е секогаш застрашувачки и има одлични играчи“, започна Инзаги.
„Знаеме против кого играме, но знаеме и дека сме во одлична форма. Подготвени сме за натпревар од ваква големина, веќе го доживеавме со многу силен тим како Бенфика, дури и да не беше дерби – резултатот од првиот меч ни е одличен“, дополни тој.
Тренерот на Интер упати пофалби за Ромелу Лукаку.
„Го познавате, знаете што може да направи. Тоа го очекувавме во текот на годината, но за жал се случи нешто неочекувано и за него и за Брозовиќ, што нè лиши од двајца незаменливи играчи многу месеци. Но, она што го гледате сега е вистинскиот Лукаку, кој во последниот месец настапува на најдобар можен начин“, истакна Инзаги.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија

Млади репрезентации
Младите фудбалери сакаат прва радост: Ерменија гостува во Битола

Евро-фудбал
Овиедо го смени тренерот Вељко Пауновиќ
