Connect with us

Струга ТЛ го слави шампионскиот трофеј (ФОТО)

Фудбалерите на Струга Трим Лум го добија шампионскиот трофеј, сосема заслужено, откако ја збришаа конкуренцијата оваа сезона во Првата фудбалска лига. Струшкиот тим стана најмладиот прволигаш кој успеал да дојде до титула во македонскиот фудбал. Само четири години откако влегоа во елитата, стружани ги добија шампионските медали.

Голем дел од работата заврши Срѓан Захариевски, а во финишот од сезоната палката ја презеде Шпетим Дуро. Сепак, сите ќе се согласат дека фудбалерите се тие кои ги заслужуваат честитките.

Предводени од првиот стрелец, Бесарт Ибраими, фудбалерите на Струга Трим Лум доминираа во најголем дел од годинашниот шампионат.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови