
Струга Трим Лум го победи и Шкупи со 2-1 за крај на одличната сезона во која ја освои историската прва шампионска титула. Сандеј Адетунџи во 28.минута донесе водство за Шкупи, а новиот првак израмни на почетокот на вториот дел преку Марјан Радески. Победничкиот гол го постигна Бесарт Ибраими во 85.минута од дуелот, кој е најдобар стрелец во шампионатот со 19 постигнати гола.
Шкендија славеше со 1-2 на гости против Работнички, а Брегалница со истиот резултат го победи Скопје на „Автокоманда“.

Шкендија поведе на почетокот на вториот дел со голот на Дориев, но Работнички возврати само две минути подоцна преку Анес Рушевиќ. Победничкиот гол за Шкендија беше дело на Аденис Шала во 76.минута од мечот.
Академија Пандев и Силекс ремизираа 2-2, а Тиквеш оствари триумф (1-4) против Победа во Прилеп.
Љамалари постигна автогол, а потоа Димитар Трајков зголеми на 2-0 во Струмица, но дојде експресен одговор и од Силекс. Јанкулов си постигна автогол, а Марко Ѓорѓиевски со удар со глава израмни на 2-2 во 18.минута.
Ѓурковиќ го отвори резултатот во Прилеп за водство на Победа во 42.минута, но во вториот дел Тиквеш постигна четири гола. Двоен стрелец беше Даниел Миловановиќ, а погодија и Александар Вареловски и Иван Ивановски од пенал.
На „Автокоманда“, Ѓорѓи Ѓорѓиев погоди во 21.минута за предност на штипјани, а израмни Бујар Хајдари во 30.минута. Брегалница стигна до победа со голот на Милан Ѓокиќ во 85.минута.
ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА, 33.КОЛО
СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 2-1
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 1-2
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СИЛЕКС 2-2
ПОБЕДА – ТИКВЕШ 1-4
СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА 1-2

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика
