Последното коло во Втората лига ја донесе и разврската во долниот дел на табелата. Сите екипи остварија резултати какви што посакуваа, а на крајот во еден таков развој – Локомотива Пехчево оди во третата лига. Каменица Саса обезбеди директен опстанок, а Тетекс ќе игра бараж.
Тетекс го победи Арсими на гости со 3-4, Каменица Саса одигра 0-0 на гости кај Пелистер, а Локомотива Пехчево и покрај триумфот (2-0) над Беса сепак се сели во третолигашка конкуренција, заедно со Слога Виница и со Борец.
Воска Спорт го победи Борец на гости со 1-7, а Гостивар славеше против Караорман со 0-2. Кожуф го победи Вардар, кој играше во подмладен состав на овој меч, со 3-1. Детонит Плачковица победи против Слога Виница со 2-1, додека Охрид Лихнидос триумфираше против Беласица со 3-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













